ТИМОТ КОЈ ВЕ ДВИЖИ

Организацијата е клучна и сакаме да го започнеме денот со стратегија, кафе и мотивирање на нашите вработени.

Тимот на Бе – Да Експрес е составен од високо професионален, мотивиран, стручен и организиран тим. Синхронизацијата е важен елемент која го подобрува нашиот перформанс и секоја позиција на вработените е клучна и ценета при целиот процес на работа.

Во прва постава го имаме нашиот менаџер за контрола на достава кој секојдневно го организира, набљудува и стратешки го планира патот и мобилноста на нашите возила.

Амбасадорите на нашата компанија се нашите агенти во контакт центарот. Тие се првото лице со кое стапувате во контакт кога ќе ја контактирате компанијата Бе – Да Експрес за поштенски услуги! Ведри и трпеливи, секогаш подготвени да одговорат на сите прашања и барања од нашите клиенти.

На терен, секогаш на пат и секогаш на време, се нашите доставувачи кои со нивниот весел дух, трпение и тимска работа ја застапуваат нашата компанија и се грижат за нашите клиенти да добијат навремена достава, насмевка за убав ден и беспрекорна услуга.

Во магацин каде што пристигнуваат, се задржуваат и организираат нашите порачки, имаме менаџери на магацин. Тие се супер планери со одлична меморија кои грижливо и внимателно ја чуваат и доверуваат секоја нарачка на нашите клиенти.