26ти ноември е омилениот ден на потрошувачите, еден од најголемите шопинг денови насекаде низ светот. Како дел од Cyber Week (недела на попусти) овој шопинг настан, секоја година е се популарен! Она што е ново на македонскиот пазар е и онлајн понудата со Black Friday цени.
Ние македонците, кога се во прашање трошење на пари, не заостануваме со трендовите.
Затоа, како најдобар совет е да се приклучиш на овој тренд, се со цел да направиш одлична заработка!
Да ги разгледаме малку статистиките:
- Онлајн купувањето за време на Black Friday е зголемено за 22% на годишно ниво, до 9 милијарди долари на глобално ниво.
- Денес, 49% од потрошувачите купуваат онлајн. Повеќе отколку што купувале пред COVID-19.
- 52% oд купувачите ги искористиле раните зделки на попусти кои почнуваат уште од октомври.
- Просечната стапка на конверзија е зголемена за 3.8% во 2020, споредено со 2019.

Како да се подготвиш за промоција доколку имаш онлајн бизнис?
1. Искористи го искуството на твоите верни купувачи
Онлајн купувачите истражуваат за производот или услугата пред да купат. Читањето на искуствата на корисниците, оценката на производот или услугата се дел од одлуката за купување.
Прашај ги твоите клиенти за фидбек, без разлика дали ќе добиеш мала критика или пофалба, најважно е да е искрено. Со овој потег добиваш многу, со критиката имаш увид во твојот квалитет и тоа каде треба да се подобриш, а со пофалбата добиваш зголемена продажба.
Затоа те охрабруваме да обезбедиш сведоштва (reviews) од твоите клиенти за твојот продукт или услуга. Ништо не продава подобро од задоволен купувач и приказна на неговото искуство со твојот бренд.

2. Oсигурај детален опис на твојот производ
Онлајн купувачите истражуваат за производот или услугата пред да купат. Оваа реченица веќе ја сретна во овој блог. Тоа значи дека е навистина важно да ја запамтиш и да обезбедиш содржина која ќе ја задоволи љубопитноста на купувачот.
Креирај и напиши опис на производот – опис што продава. На пример доколку продаваш облека за возрасни не е доволно да напишеш само:
Џемпер – 100% памук. Достапна величина…Се пери на 20 степени??
Време е за друг пристап:
Топол окер џемпер кој ќе те заштити од студените денови. 100% квалитетен материјал од памук, едноставно ќе се заљубите во овој мек и удобен џемпер. Можете да го комбинирате со…
Ја сфативте идејата?
Креативноста и посветеноста не ја ценат само купувачите, истото го прави и пребарувачот, па колку повеќе зборови толку подобар рејтинг на пребарувачот (Google, Safari и сл.)
3. Примени го вистинскиот попуст
За време на Cyber Week и Black Friday, купувачите очекуваат попуст поголем од 20% и 30%. Ова значи дека тоа и го добиваат, + денес со онлајн пазарот конкуренцијата е поголема од било кога.
Во текот на овие денови колку е поголем попустот – толку подобро, а овде можеш и да вметнеш некоја примамлива понуда како: 20% попуст на прв производ, 30% на нареден или 45% на 5 или повеќе производи. Доколку имаш можност, додади и подарок на направената нарачка.
Се надеваме дека ја разбудивме твојата имагинација!

4. Oдбери ги вистинските продукти
Нема потреба да губиш од своето време и да правиш анализа за попуст на сите производи. Доколку имаш поголема палета на производи, одбери ги најпродаваните или пак направи стратегија за помалку продаваните.
Искористи го Black Friday паметно. И, уште еден мал совет: задолжително направи анализа за производите кои ги продаваш на овој ден. Задолжително, откако вревата ќе престане, разгледај која понуда, кој опис на производ или сведоштво најмногу ти помогнало. Искуството си го прави своето и нареден пат ќе знаеш што работело, што не.
5. Не ги заборавај социјалните медиуми и рекламите
Едноставно: направи добри реклами со Black Friday понуда, примами ги своите купувачи да дојдат на твојата страна или профил и секако пречекај ги како вистински домаќин!
6. Последно, но не помалку важно – доставата
Време е за крај на нашите совети и последниот чекор од зделката – испраќање на твоите производи.
Потребна ти е сигурна компанија за достава која ќе ги разбере твоите потреби и барањата на потрошувачите. Некој кој е подготвен да одговори брзо и со достапен тим за работа. Модерна апликација за следење на нарачките и други поволности.
Твојот избор на македонскиот пазар има опции, но единствен избор каде што ќе можеш на твојот купувач да му овозможиш попуст на доставата за Cyber weekend (петок и сабота), е токму БЕ-ДА Експрес.
Направи го твојот избор и погледни ја нашата понуда за BLACK FRIDAY.
Ти посакуваме успешен Black Friday, напорен ден и долга ноќ!
Ние сме овде за тебе, во секој чекор.