Социјалните медиуми и твојот бренд

Секој нов или постоечки бизнис се грижи за својот бренд. Начинот на кој го доживува неговата публика, сликата која ја создава за да ги привлече новите клиенти и тонот со кој брендот се обраќа на своите потрошувачи се од големо значење. 

Има безброј причини поради кој потрошувачот се одлучува да купи од твојот бизнис, од кои една игра голема улога, тоа е довербата што ја имаат во брендот. 

Како најдобро да го претставиш својот бренд освен традиционалниот маркетинг? Се разбира, да бидеш активен и да се поврзеш што е можно повеќе со својата публика на социјалните медиуми.

Инстаграм, Фејсбук, Тик-Ток, Твитер – сите овие социјални платформи доминираат помеѓу корисници од сите возрасти. 

Насекаде низ светот, многу бизниси ги користат овие медиуми за да ги продадат своите производи. 

Токму поради тоа, да бидеш присутен и активен преку својот социјален профил е клуч кон успехот за твојот бренд.

Со толку голем број на бизниси кои објавуваат содржини со забавен карактер, едукативни и интерактивни видеа, слики со впечатливи дизајни и слогани кои се врежуваат во секоја глава, изгледа навистина тешко и комплицирано да се најде  вистинскиот пат до правата публика за твојот бренд.  

Сепак, интернетот им дава шанса на сите, и, постои едно нешто што публиката (потрошувачите) го обожава. Тоа е постојаноста. Доколку ги прочиташ и примениш следните совети за како да го претставиш твојот бренд на социјалните медиуми, веруваме дека твојот бренд ќе биде на добар пат да остане запаметен и да ја стекне довербата кај твојата публика. 

1. Оддржувај постојаност на социјалните медиуми

Што подразбираме под постојаност? 

Овој елемент е важен дел од секој бизнис. Овде станува збор за стилот на твојот бренд – одредена палета на бои, фонт, дизајн – односно целокупната слика која се прикажува кога се промовира твојот производ. 

Кога твојата веб страна веќе има дефинирано еден стил, а твојот профил на Фејсбук прикажува сосем различен тон на бои, твојот Инстаграм има сосема трет распоред на претставување на производот… Сето ова ја остава твојата публика збунета. 

Многу подобро и полесно ќе бидеш запаметен со постојаност во објавите.

Имаш палета на бои за твојот бренд? Комбинирај ги овие бои и користи ги во секој пост. Ако имаш лого, стави го на твојот профил. И додека пак немаш лого, навистина е крајно време да направиш. Секој бизнис заслужува лого. Или доколку имаш слоган или некој анимиран карактер што публиката го сака, слободно применувај го почесто и користи го како заштитен знак. 

2. Споделувај слики

Ова е задолжително. Секако дека споделуваш слики од твојот производ или услуга, но, сепак е важен начинот на кој што го прикажуваш истиот. 

Секој пост со слика го задржува 2 пати повеќе вниманието на твојата публика. Погрижи се да објавуваш што е можно позабавни и уникатни фотографии. Внимавај, не сакаш да изгледаш непрофесионално. Провери го квалитетот на сликата и дистракциите кои се појавуваат околу твојот производ, сето тоа треба да изгледа чисто и да не ги заморува очите на потрошувачот. 

3. Биди социјален

На социјалните медиуми сме за да бидеме друштвени и да ја споделиме приказната на брендот најдобро што можеме. Учествувањето во социјалните платформи се движи обострано. Кога твојот потенцијален потрошувач поставува прашање – одговори, кога споделува слика со твојот производ и го тагира твојот профил – сподели го овој момент на твојот профил. 

Се е во поврзувањето и во ширење на добар збор за твојот бренд! Ова единствено можат да го направат твоите задоволни потрошувачи, на пример, да го препорачаат твојот социјален канал за следење или производ за користење. 

Се надеваме дека ги применуваш или ќе ги примениш овие наши совети. Со користење на социјалните медиуми си чекор поблиску до создавање на добар и квалитетен бренд, не се сомневај ниту еден момент во моќта на овие платформи и уживај во плодовите кои ги носат истите за твојот бизнис.