Совети кои ќе помогнат во растот на твојот бизнис

Обврските и задачите кои доаѓаат со водење на еден бизнис се безбројни. Менаџирање со време, вработени, имиџ, финансии и реализирање на стратешки бизнис план.  Сите овие работи плус мора да бидат адаптирани на лимитиран буџет. Звучи пренатрупано и многу често може да се изгуби концентрација и се околу тебе да биде во хаос.

Забави малку, ние имаме неколку совети кои ќе ти помогнат како правилно да го расопредиш своето време и каде да го насочиш својот фокус со цел да го поттикнеш растот на својот бизнис.

1.Одбери приоритетни задачи

Приоритетна задача за секој вработен. Истата мора да биде првата задача која ќе биде завршена секој ден. На овој начин им помагаш на своите вработени а и на својот бизнис да не излезе од колосек и полека и сигурно да се движи кон нагорна линија. Секако задачата која ќе ја дадеш како обврска, да биде во доменот на работната позиција на вработениот.

2.  Автоматизирај го твојот календар

Научи се да управуваш со времето на ефективен и продуктивен начин. Секој паметен телефон и Google календарот имаат опции каде што можеш да запишуваш и да правиш потсетник за важни состаноци, рокови и било каков термин кој треба да биде испочитуван. Да се биде на време секогаш изгледа професионално.

 

3. Решавај по една “некритична” ситуација/задача на ден

Овде пораката е кратка и јасна. Она што не ти се причинува важно и итно денеска, наредниот ден може да биде алармантно. 

4. Инвестирај во маркетинг

Правилната промоција на твојот бренд и инвестицијата во оваа промоција треба да биде секогаш правилно искоординирана. Најдобриот начин за маркетинг во моментот се социјалните медиуми. Прочитај повеќе  за како да го испланираш настапот на твојот бренд на овие мрежи.

5. Наградувај ги своите вработени 

Ова е вистинскиот начин да ги задржиш своите работници и да им покажеш дека ја цениш нивната работа. Вработените ќе го препознаат овој гест и ќе вложат уште повеќе труд и мотивација во својата работа.