Нов начин за потврда дека нарачката е доставена

Секоја компанија која се бави со поштенски услуги, многу често бара соодветен начин за потврда дека нарачката е доставена. Како најдобар начин за потврда е што друго ако не – фотографијата. Едноставно, доколку не видиме со сопствени очи, не веруваме.

Во некои земји, доказ дека доставата е завршена, е со фотографирање на онлајн клиентот со доставениот пакет. Наидовме на интересна статија и вирално споделени фотографии кои се разбира, сакаме да ги споделеме со вас.

Имено, луѓето во Филипините знаат дека практикувањето на фотографирање при достава е задолжително и многу одлично соработуваат со доставувачите, па, на забавен начин ги овековечуваат нивните доставени пакети.  

Изјавата за GMS online news на Џоуси Епино, гласи дека многу често, кога доставувачите ќе и се јават дека се пред врата, за да го преземе својот пакет и притоа треба да се слика како доказ дека ја примила пратката, се чувствува неподготвено и фрустирано.

Затоа Џоуси, подготвила мала фотосесија.

јоyceeh epino
Joyceeh-Epino-
joyceeh_epino

Дали по постапките на Џоуси, или не, не знаеме. Истото чувство на фрустрација го споделува и Џон Карло. Тој за Trip Zilla, изјавува: – “Изгледам чудно секој пат кога доставувачите се на врата, овој пат не оставив тоа да се случи, со самиот повик дека се на пат, не оставив простор за изненадување.”