СЕКОГАШ НА ПАТ. СЕКОГАШ НА ВРЕМЕ.

Веруваме дека секоја личност и бизнис заслужува поштенска услуга на високо ниво и ние сме овде да го доставиме тој целосен пакет спакуван во професионалност, врвен перформанс и добар тајмингЗадоволството и среќата на нашите клиенти и бизнис партнери е наша примарна цел. Услугите кои ги усовршуваме секој ден создаваат бренд кој ни помага да бидеме препознатливи како висококвалитетна, почитувана и општествено одговорна компанија.

Ние сме овде на долгорочен план. Километрите кои ги минавме и минуваме, ја потврдуваат нашата посветеност и љубов кон секое движење, транспорт и организација. Ја користиме нашата мобилност секој ден за да доставиме позитивност а токму нашето знаење за логистика и транспорт го претвараме во пракса и го правиме целиот процес едноставен. Обожаваме да ја користиме предноста на технологијата и да го модернизираме начинот на достава во нашите простори. Со нов и електронски пристап на нарачки и современ возен парк нудиме прецизност и навременост во доставата и следење на секоја пратка во секое време, од моментот на преземање на пратката па се до моментот на доставувањето до крајната цел. Безбедната и сигурна достава на вашите пратки се наша должност и задоволство. 

 

Практикуваме општествена одговорност и внимаваме како нашите одлуки и активности влијаат во нашата средина. Нашата поштенска канцеларија е во Скопје, но имаме доставувачи во Куманово, Штип, Берово, Струмица, Гевгелија, Велес, Кавадарци, Неготино, Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Дебар, Тетово, Гостивар и секој град, општина и село коe не го набројавме. Не грижите се, таму сме. Едноставно кажано нашата експрес достава е низ цела државаСекогаш сме на пат и секогаш на време – тоа е нашето мото.