БЕ-ДА Експрес

Најдобрата работа во тимот, е тоа што секогаш има човек до тебе да те поддржи, мотивира и да ти помогне!

Нашата компанија за поштенски услуги, е во постојана трка со времето. Ова значи обезбедување транспорт на време и задоволување на потребите на секој клиент е предизвик кој секојдневно го совладуваме.

Да го завршиме секој ден и да го прогласиме за успешен, е невозможна мисија без нашиот тим. Секој вработен во нашата компанија има своја позиција и игра улога која е важна и ценета, и, за целиот процес да се одвива непрекинато најважна е комуникацијата.

Ова е точката која беше една од главните теми на нашата тимска работилница.

Последиците од вирусот COVID-19 се почувствувани на еден или друг начин во секоја сфера од животот. Но, она што ние исто така го почувствуваме, како компанија, е дополнителната потреба да ги мотивираме и да ги разведриме нашите вработени.

Пандемија или не, потребата од работење и инвестирање во тимот е клучна состојка за успехот на бизнисот.

Трпение, мотивација, концентрација, одговорност и организација се вештини и карактеристики кои ги поседуваат нашите доставувачи.

Модерниот начин на живот и дигитализацијата го изострија вкусот на потрошувачот. Потребата од брза достава е се поголема. Притоа, безбедниот и доверлив транспорт се повеќе се јавува како прашање. Нашата тимска работилница имаше за цел да ги разгледа сите овие точки, како и, да го промовира кодексот на однесување во компанијата.

Целокупниот тим од доставувачи низ цела држава и менаџерите во Бе-Да Експрес се подготвени да одговорат експресно на секој повик од нашите клиенти. Со беспрекорна организација ги доставуваме сите решенија. Благодарение на нашата тимска работилница, која е главен извор на инспирација за мотивација и комуникација, ветуваме дека ќе се градиме континуирано и растеме заедно со нашите клиенти.