БЕ-ДА Експрес
Заклучно до 30.06.2021 година од страна на Народната банка на Р.С. Македонија е забележан значителен пораст во онлајн трансакциите, кај физичките и правните лица.

Повеќе статистички податоци за растот во е-трговијата можете да прочитате, тука.

Сепак, прашањето е следно: дали сите е-трговци уживаат придобивки од растот на е-трговијата?

Доколку не се пронаоѓаш позитивно во одговорот, ние имаме неколку совети кои ќе го подобрат твојот пласман во онлајн светот. 

Во принцип, пред да започнеш со е-комерција, потребно е навистина да направиш добро истражување. 

Најпрво: за сите термини во е-комерцијата (B2B, B2C, e-shop etc.) , начинот како таа функционира , онлајн плаќањето, заштита на лични податоци, брзината на пристап и корисничкото искуство на твоите потрошувачи итн итн.

Доколку веќе работиш со онлајн продавање а не си запознаен со сите овие работи што ги наброивме, ќе имаш можност да прочиташ во нашите наредни блогови.

Покрај квалитетниот производ или услуга што го имаш, токму пристапот и начинот на кој што го промовираш твојот производ е она што ќе те однесе чекор пред твоите конкуренти.

Стратегијата за настап е тоа што ќе те истакне од останатите конкуренти и ќе го привлечи твојот потрошувач.

Повеќе не е доволно само да го сликаш твојот производ и да го објавиш на социјалните медиуми. Искуството со онлајн купувањето многу пати знае да биде со крајна цел само да го измами потрошувачот. 

Поради оваа причина, навиката на потрошувачот се претвори во купување со бренд кој веќе го познава и верува. Како да го направиш тоа?

1. ВЕБ-СТРАНИЦА или Е-ПРОДАВНИЦА

Има милион причини зошто да имаш веб-страница за твојот онлајн бизнис! 

Како прво, потрошувачот сака од удобноста на својот дом да ги гледа сите производи од твојата продавница. Потоа, ја зголемуваш твојата ефикасност за промоција на производите, комбо-понудите, попустите, итн.  Достапен си за твоите потрошувачи 24/7  и со правилна маркетинг стратегија, вистинската публика лесно ќе ја пронајде твојата е-продавница. 

Едноставно, со создавање на твојата е-продавница овозможуваш уникатно пласирање на производот, можност да го прикажеш во вистинското светло и отклучување на потенцијалот на зголемена продажба.

2. Зачлени се и стани верификуван е-трговец!

Зголеми ја довербата кај своите потрошувачи и аплицирај за беџ за верификуван е-трговец. Прочитај повеќе тука и следи ги чекорите за апликација за да се стекнеш со беџот!

Со исполнување на овој критериум ја гарантираш безбедноста при купување на твојот потрошувач и добиваш бенефиција за препорака како сигурен е-трговец. 

3. Социјалните медиуми и твоите потрошувачи

Врската што ја имаш со своите потрошувачи ја негуваш преку: социјалните медиуми!

Познавај ја твојата публика, дефинирај ги старосните граници, нивното однесување, што сакаат тие да видат на твојот профил? 

Прочитај повеќе овде за тоа како подобро да го изградиш својот бренд на социјалните медиуми.

Подобра содржина > повеќе следбеници > поголем reach > поголема можност за продажба или пак подобра содржина, поголема конкурентност.

 

4. Препораки или testimonials

За крај ќе ви препорачаме уште еден совет – доставувајте го тоа што го ветувате. 

Квалитетот секогаш е позитивно поздравен и добриот глас надалеку се слуша. Нема подобра реклама од препорака.