Продавниците за облека се преселија онлајн

Почнувајќи од 19 век и се до денес, индустријата за мода не престанува да се движи. Причината да бидеме секогаш во тренд и потребата да изгледаме добро ја надополнува побарувачката за убави парчиња облека. 

Во нашата земја, принципот на купување облека беше едноставен. Влегуваш во твојата омилена продавница или бутик, го пробуваш посакуваното парче облека и излегуваш задоволен, купувајќи го парчето облека и притоа си сигурен дека истото навистина добро ти стои. 

Наеднаш се се промени. Од начинот на однесување на потрошувачот до начинот на продавање и изложување онлајн на скоро сите продавници за облека и бутици. Се разбира светските брендови веќе многу одамна беа присутни онлајн и во тек со е-комерцијата, но, за сите мали модни бизниси во Македонија, интернет светот беше невообичаено место за работа.

Што друго? 

Се случи светска пандемија COVID-19. Ова ги притисна каналите за приход на продавниците и единствениот излез беше да се појават свечено во онлајн издание. Иако беше најавено дека дигиталната ера зазема се поголем замав, на многу сопственици на бизниси ова не им беше јасно што точно значи и зошто беше потребно да ја преселат својата продавница онлајн. 

Сепак, се движиме напред! Довербата и навиката на потрошувачите да купуваат онлајн се зголемува, објавувањето на своите производи и маркетингот на истите е во пораст, присутноста на пазарот исто така е проширена.

Што друго може да се посака? 

Па, се разбира, брза и безбедна достава. Партнер на онлајн продавницата кој е неизбежен. Некој кој се грижи за твоите клиенти како за свои и го промовира твојот бренд на начин кој го оправдува првичниот избор на твојот потрошувач.

Бе-Да Експрес како компанија која се занимава со поштенски услуги е овде за тебе!

Колку време и како продавницата ќе потроши за овој транспорт на облеката, дали потрошувачот е задоволен од доставата, дали сопственикот е известен за трансакцијата и слични прашања се појавуваат при целиот процес.

Искуството е докажано и проверено при секоја порачана достава. Бе-Да Експрес се води по неколку принципи и го дава главниот фокус на овие 4 точки кои се од големо значење за било кој онлајн бизнис:

  1. Најважни се клиентите –  секогаш е ставен акцентот на брза и навремена достава и истовремено обезбедување на конкурентна цена за трошокот при транспорт.
  2. Модерна технологија – во тек со современите решенија и овозможување на клиентот да го следи секој чекор од доставата преку апликацијата на Бе-Да Експрес.
  3. Oперативен модел и способен менаџмент –  Развивање на стратегии за најбрз и најефективен пренос на доставата, контролирање и безбедност на пратките 24/7.
  4. Тимска работа – невозможното го претвараме во возможно.

 

 

Но, да се изјаснеме. Ние не веруваме дека продавниците за облека се целосно иселени на интернет и дека посетата на истите не е сеуште актуелна.  

Со овој пост, сакаме да ги поттикнеме сите сопственици на овој вид на бизнис доколку сеуште ги немаат отворено вратите на онлајн светот, да го направат тоа! И оние кои веќе ги почувствувале бенефициите од онлајн продажбата да ги користат разумно ресурсите на дигитализацијата.

Ние ќе продолжиме со овој вид на интересни блог постови и информации кои се поврзани со достава.
Доколку овој пост ти беше забавен за читање, провери ги и другите наши блог постови!