Временската достава на производите, известувањата за временскиот период на достава, повратните нарачки и други фактори го диктираат начинот на работа на твојот бизнис.
Денес, со онлајн пазарувањето, потрошувачите имаат големи очекувања од целото искуство што го добиваат кога порачуваат и купуваат од онлајн бизнисите. Овде играат улога и инфлуенсерите со нивните ексклузивни достави кога го промовираат производот. Целото воодушевување при отпакување на нарачката ги поставува и дефинира очекувањата како треба да изгледа и пакувањето на производот.
Потрошувачот ја сака целосната слобода кога зборуваме за доставата на нарачката. Важно е да ја следи доставата, да има можност да ја откажи нарачката или пак да ја замени доколку не е задоволен од неа.
Целото внимание на твојот бизнис е свртено кон потрошувачот. И тоа е сосема правилно. Но, одговорноста за целосно пакување, дали ќе пристигне во неоштетена состојба како што е испратено, дали ќе биде доставено на време, дали ќе биде доставено до врата на клиент, дали ќе биде потрошувачот задоволен од доставата, дали има опција да се замени нарачката… Дали, дали, дали?
Ова се прашања кои паѓаат на грб на твојот бизнис, и прашања на кои што е задолжително да имаш одговор и можност да ја контролираш и следиш доставата.
Секогаш е важно да направиш листа на критериуми и точки кои ќе го следат движењето на твојот бизнис. Ние ти ја даваме листата на точки по кои треба да се водиш кога е во прашање твојата достава:
- Цената на доставата
- Политиката за замена на нарачките и вратени нарачки
- Информирање за моменталната состојба на твојата пратка
- Брзината на доставата
- Коректниот и професионален однос на компанијата за поштенски услуги
Повеќе од јасно е дека доставата е клучен сегмент за онлајн бизнисите. Оправдување на изгледот на твојот бизнис е во рацете на компанијата која ќе ја одбереш и начинот на кој таа ќе се грижи за тебе. Тоа дозволува простор да го понудиш и најдоброто искуство за твојот потрошувач.
Доколку те интересира кои услови и можности нашата компанија Бе-Да Експрес ги овозможува, стапи во контакт со нашиот тим!
Слободно контактирај не на 075 318 928 или 076 278 278.
