Брзата и безбедна испорака помага на секој онлајн бизнис да биде чекор пред конкуренцијата.
Ова е само една од многуте предности што ги овозможува услугата на експрес поштата.
Живееме во брзо време каде што е-комерцијата владее со пазарот на труд. Се зголемува побарувачката на секаков вид производи, од козметика, обувки, облека, детски играчки, органски продукти, декоративни предмети за дома, бела техника и што ли уште не? Денеска не постои нешто што не можеме да го пронајдеме интернет.
Оваа појава на онлајн порачување, направи еден огромен БУМ и отвори големи можности за сите оние кои што го имаат бизнис духот и желбата да создадат брз кеш. Онлајн бизнисот се покажа како вистинскиот избор да го подобриш својот приход.

Курирската достава е задолжителен дел во оваа приказна на е-комерцијата и клучниот фактор што го движи онлајн бизнисот.
Клиентите, се тие што го диктираат успехот на еден бизнис. Тие се оние кои очекуваат брза испорака, без никакви проблеми, одолговлекувања, по цена која што може да си ја дозволат и сето тоа да биде спакувано во искуство кое ќе разбуди доверба во онлајн бизнисот. Доколку ова очекување не се исполни, многу е можно клиентот да одбие да купи повторно.
Нашата експрес пошта е вистинското решение, кое одговара на сите прашања и барања кои го разубавуваат и олеснуваат непречното функционирање на онлајн бизнисот.
Ние го поттикнуваме потрошувачот повторно да купи, овозможуваме онлајн следење на нарачката, осигуруваме безбеден транспорт на производот и не го задржуваме откупот (профитот) кој е крајната цел на еден бизнис. Секоја нарачка е различно искуство и е потсетник за она што доставуваме, кога доставуваме.
Секогаш се грижиме да ги задоволиме страните – страната на клиентот (онлајн бизнисот) и страната на потрошувачот на клиентот. Работиме неуморно и ги усовршуваме нашите практики секојдневно.
Од голема важност за секој онлајн бизнис е да го направи вистинскиот избор на експрес пошта. Соработка која влијае на изгледот и емоцијата која се добива при секое купување и испорачување. Флексибилноста и лесниот начин на порачување и следење преку нашата апликација, ја обликува Бе – Да Експрес како пошта која е во чекор со модерната технологија, која има пристап до секој град и село во нашата земја и грижа за клиентите кои уживаат во користење на нашите услуги.
Регистрирај се бесплатно на нашата апликација и погледни го начинот на кој што работиме.
За сите дополнителни прашања побарај не на 076 278 278.